Menu

 

 

 

Cart

Извадоци од говори

 

Божествен говор

ВТОРНИК, 24  АПРИЛ 2018

ФИЏИ

   ОТВАРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР

даивадхинам џагат сарвам сатјадхинам ту даиватам

тат сатјам утамадхинам утама паро девата

(Со целиот свет управува Бог;

Самиот Бог е под влијание на Вистината;

оваа Вистина понатаму се гледа кај добрите луѓе; затоа, добрите луѓе се поголеми од

самиот Бог.)

Драги отелотворенија на Божествената Љубов!

Денес, сме овде за да го одбележиме овој настан, како почеток на многу добри работи кои ќе се случуваат. Ова е само првиот чекор во полето на служење на општеството во Фиџи и на околните земји, но треба да се изоди долг пат и да се помине големо rастојание.

Секое долго патување започнува со првиот чекор. Првиот чекор во вистинската насока е сè што е потребно за да се преземе какво било патување. Чекор по чекор, како што продолжувате да одите, еден ден сигурно ќе стигнете до вашето одредиште.

Доброто што е направено во светот никогаш нема да биде залудно. Без оглед на тоа колку мала добрина сте  направиле, ќе ви се врати многукратно тогаш кога ќе ви треба. Секое добро што го правите за другите е како полиса за осигурување која ќе ве спаси тогаш кога ќе ви треба.Затоа, се вели, “куру пунјам ахо ратрам” – прави добро ден и ноќ. Тоа добро е Бог.

Ако одите според правописот, g-o-o-d  е добар , а G-o-d  е Бог. Секое „добро“ го содржи „Бог“ во себе  и затоа ова што го правите не е само добра работа, тоа е дело на Бога што се прави во кое било име, во која било вера, на кој било начин. Сè додека им служите на другите човечки битија,  му служите на самиот Бог. Со овој став, мора да продолжите да ја вршите оваа работа.

На Бог не му требаат цвеќиња, светилки и обожување или молитви, химни и пофалби. Дури и ако не го понудиме сето ова, ништо не се менува за Него - но, кога му служиш на лице кое страда, во Негово име, тоа сигурно му угодува на Бога.

Големиот Вјаса кој ги составил Ведите во четири дела, ги проучувал сите  списи и древни текстови   на крајот дошол до овој заклучок:

аштадаша пуранешу вјасасја вачана двајам

паропакараја пунјаја папаја парапиданам

 

(Суштината на сите 18 Пурани може да се опише само во овие две реченици:

Помагањето на другите носи заслуги, а повредувањето  води во грев.)

Затоа, додека влегуваме во Центарот, првото нешто што го гледаме на таблата е „Сакај ги Сите, служи им на Сите“.Да го сакате сопствениот народ, да му служите на својот народ е многу едноставно. Сите го прават тоа без да прашаат. Сепак, да се биде во можност да се сакаат сите и  да им се служи на сите, без никаква дискриминација, без никаква разлика, со иста љубов и наклонетост  како што би си направиле за себе, е она што е потребно, а тоа е мотото, самата тема со која овој медицински центар треба да се води.

Шриниевас веќе го изнесе  своето гледиште за тоа во што ќе се претвори овој  Центар, а др. Катева вети што ќе прави тука – така што Јас немам што да додадам,  освен да ги пренесам Моите благослови што може да ги исполнат вашите желби и вашите ветувања. Нека се оствари сето ова во времето што ви  го дадов.

За Мене, времето е важно. Секој ден спасуваме живот, спасуваме дете, спасуваме семејства – затоа, секој ден е битен. Одамна, имав сличен случај со болницата во Раипур. Со многу напор, Шринивас, сѐ самиот – речиси сам - ги издржа сите тешкотии и пречки за да се отвори првата   болница за детска кардиологија, во пуста пустелија во Чаттисгар. Многумина не му веруваа  и многу други помислија дека го изгубил   разумот; дека започнал нешто толку големо и грандиозно како ова, што сигурно ќе го доведе во неволја порано или подоцна. Сепак, со голема верба, тој продолжи понатака. Како и да е, дури и со огромен напор, како што истекнуваше времето  тој Ме праша: „Свами, можеме ли да ја одложиме инаугурацијата на друг датум?“

Му реков: „Ако твоето дете  чекаше да биде оперирано и да ти кажеа дека операцијата не може да се изврши бидејќи болницата не е подготвена, како би се чувствувал?“ Во истиот миг разбра дека ова е срцето на Свами;  срце  кое сочувствуваше со мајката која пати  кога гледа како нејзиното дете страда, и затоа, Свами немаше време да чека. Сè што треба да се направи, треба да се направи што е можно поскоро. Ниту едно одложување не доаѓа во предвид. Со истата храброст и убедување, тимот  го започна овој медицински центар.

За нив тоа беше добро искуство , бидејќи сфатија дека кога ќе му се предадат на Бога и му се посветат на Бога, нивниот капацитет станува бесконечен, нивните способности се шират, нивните можности се зголемуваат и затоа работите за кои е потребно повеќе време да се направат, се завршуваат многу брзо. За пет години,третата болница во Индија ќе се отвори во Бомбај.

Можно е само ако сте несебични. Само кога ќе се предадете, работите ќе се случат со ова темпо. Она што вие го нарекувате чудо, јас го нарекувам предавање.Ако се предадете, чуда ќе се случуваат секојдневно. На секој чекор, ќе откриете дека се случило чудо. Сè што треба да направите е да се откажете од својата себичност и да ѝ се предадете на волјата Божја. Бидете подготвени да им служите на сите, со голема љубов и наклонетост, затоа што му служите на Самиот Бог.

Бог не седи некаде високо во Неговиот рај и те гледа тебе долу; Тој е  во секое суштество. Затоа списите велат, Дехо девалаја прокто џиво дева санатана„ – телото е храм Божји, а жителот е самиот Бог.  Сите овие се подвижни храмови на Бога; во секој престојува Божественото.

Со ова одлично чувство мора да продолжите да правите добро затоа што, правејќи добро, ќе го најдете Бог. Со ова чувство, со ова убедување, со ова предавање, мора да го направите овој центар за пример . Бидејќи тоа е Центар за извонредност, кој треба да се залага не само за количината на работа што е направена, туку, уште поважно, за квалитетот на работата што ќе се изврши во оваа област и во овој регион.

 

За да го прочитате целиот Божествен Говор, и да дознаете повеќе за Божествената посета, погледнете на:

https://www.saiprakashana.com/mk/izvadoci-od-bozhestvenite-govori